ГАЛЕРИЈА: Момче прекорувано во училиште за често шкртање, потпишало договор со „Најк“

Никогаш не се знае каде може да те однесе креативноста.

Џо Вејл (13), кој на социјалните мрежи е попознат како „Дудл Бој“, честопати бил прекоруван во училиште за шкртање, но се чини дека тој успеал да ја претвори својата страст со пенкало во фул тајм работа.

Неговите шкртаници му донесоа, договор со познатиот бренд за спортска опрема „Најк“ за дигитална кампања за поттикнување на детската креативност.

„За него е остварување на сонот бидејќи тој обожава спорт и цртање, а партнерството со „Најк“ му ја дава можноста за двете“, кажаа од неговата агенција.

„Цртам и сликам од тригодишна возраст и уметноста отсекогаш била голем дел од мојот живот – цртав, сликав и правев рачни изработки секогаш кога имав можност и тоа не се промени до ден денес“, објавил Џо на неговата веб страница.

Back to top button
Close