Германија и Франција против забраната за издавање визи за руските туристи

Европската унија не смее да ги спречи руските туристи да го посетат блокот, порачаа Германија и Франција во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи во Прага, на кој ќе разговараат за барањата на балтичките земји и некои други членки за забрана за издавање визи за Русите.

„Иако ја разбираме загриженоста на некои земји-членки во овој контекст, не треба да ја потценуваме трансформативната моќ на искуството на животот во демократски системи од прва рака, особено за идните генерации“, се вели во француско-германскиот документ.

„Нашата визна политика треба да го одразува тоа и да продолжи да дозволува контакти меѓу луѓето во ЕУ и руските граѓани кои не се поврзани со руската влада“, се додава во соопштението.

Доцна попладнево, министрите за надворешни работи на ЕУ ќе пристигнат на дводневен состанок во Прага.

Back to top button
Close