Германската фотографија на платформата за домашен туризам заменета со наша дестинација

 

Министерството за економија денеска информира дека по реакциите во јавноста ја замениле фотографијата која е употребена на платформата “Дома си е дома“ преку која се реализира мерката за ваучери за туризам за граѓани со ниски приходи.

По реакциите во јавноста дека се работи за фотографија од Германија и критиките дека со тоа се промовира домашен туризам, од Министерството информираа дека фотографијата е преземена со сите авторски права, но дека таа во текот на денешниот ден е заменета со нова фотографија од домашна туристичка дестинација.

Фотографот Симон Мигај, кој е автор на фотографијата со езерото Кенигсе, за Радио МОФ, објаснува дека фотографијата е направена за приватен клиент пред неколку години, а езерото прикажано на фотографијата е доста познато.

Дека фотографијата се користи, Мигај дознал сосема случајно. На Твитер се развила дискусија околу тоа каде е направена фотографијата во Македонија.

Неговите впечатоци се позитивни, но вели дека за жал страницата каде се користи фотографијата е само на македонски, така што тој може да се „потпре“ само на онлајн преведувач за да го разбере контекстот.

Back to top button
Close