Главната медицинска сестра на Инфективна и две други колешки дале отказ
Главната медицинска сестра и две други дале отказ од ИНфективната клиника, објави вечерва на Фејсбук докторот Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.
„Барам да ми го прифатите отказот од работа со претходна најава од месец дена во кој ќе го искористам годишниот одмор од 2019 и 2020 година“, пишува во барањето кое до Управата го доставила главната сестра на Инфективната клиника во Скопје, која 28 години работела на оваа клиника.
– Главната сестра на Инфективна клиника, и уште 2 одделенски сестри даваат отказ во еден акт. Причините ќе оставам да ги кажат надлежните, сестрите си кажале, ова е сериозна загуба за системот во многу лошо време – пишва Лазаров на Фејсбук.
Тој објави и документите од неговите колешки кои се жалат дека нивната работа е непочитувана, иако претставува најважна алка во медицинскиот тим.
– Причините за да ја напуштам Клиниката по 28 години, професионална посветеност се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра како една од најважната алка во медицинскиот тим, пишува во барањето на главната медицинска сестра.