Глен Клоуз номинирана и за Оскар и за Златна малина

–  Амeриканската глумица Глен Клоуз која е во своето осмо десетлетие од животот, вчера ја доби и деветтата номинација за Оскар. Станува збор за нејзината улога во филмот „Елегија за планинците“ (Hillbilly Elegy).

Според гласовите на наградите Златна малина, коишто се спротивност на Оскарите, глумицата ја доби и првата ваква своја номинација, за истата улога.
Само на двајца други глумци во историјата им се случило тоа – на Ејми рвинг и Џејмс Коко. Никој досега не ги освоил двете награди за иста улога.
Инаку, како што Оскарот се доделува за најдобра глума и улога, Златната малина се заслужува со најлошата глума и улога на годината.

Back to top button
Close