“Го шутирале по главата додека лежел, сакале да го запалат со факел” Почна распитот на малолетниот хулиган за убиството на братот на потпретседателот на Владата на БиХ во Вождовац

Малолетникот (16) кој е осомничен за сурово убиство на Ѓорѓи Мијатовиќ, брат на Војин Мијатовиќ, министер во Владата на Босна и Херцеговина, е изведен пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Белград, а неговото сослушување започна, дознава српски Курир.

Полицијата по наредба на обвинителството во Белград идентификуваше двајца малолетници кои се осомничени дека брутално го претепале Мијатовиќ во паркот на Вождовац и како што се претпоставува го удриле неколку пати во главата.

Тој починал неколку часа подоцна како последица на тепањето.

Познаник на Ѓорѓе Мијатовиќ вчера за медиумите раскажа како дошло до кобниот конфликт.

-Хулигани му ја одзедоа топката на нрговиот десетгодишен син и ја шутнаа. Момчето отишло кај татко му и се пожалило, по што Мијатовиќ се симнал и им рекол да го остават момчето на мира. Тогаш влетале хулиганите и почнале непрекинато да го удираат. Му скокнаа на глава. Го клоцаа. Му пукна черепот. Сакале да го запалат и со факел – вели познаник на Мијатовиќ

Според него, Мијатовиќ не боледувал од епилепсија, туку имал епилептичен напад од повреди на главата.

– Никогаш не би згазнал мравка. Тој беше добар човек, грижлив. Имаше две деца – вели познаник.

 

Back to top button
Close