Го уапсиле зашто украл младенче од камила за својата девојка

– Полицијата во Дубаи уапси човек затоа што украл скапоцено младенче од камила, со цел да ѝ го подари на девојка сѝ за роденден, објави државниот весник на Обединетите Арапски Емирати.

Сопствениците на бебето-камила пријавиле кражба на нивната фарма на почетокот на овој месец, па полицијата во Дубаи, првично, безуспешно ја пребарувала областа. Неколку дена подоцна, граѓанин пријавил дека на неговата фарма се појавила заскитана камила. Вторава фарма е оддалечена околу три километри од домот на животното.

Всушност, „загрижениот граѓанин“ се исплашил да не му влезат в трага, па да го уапсат.

За време на испрашувањето, крадецот прво се обидел да лаже, но наскоро признал дека упаднал во фармата на неговиот сосед и го украл малечкото од реткиот вид камила. Полицијата ја вратила камилата кај сопствениците и ги уапсила осомничениот и неговата девојка, обвинувајќи ги за кражба и лажна изјава.

Камилите некогаш биле составен дел од секојдневниот живот во Дубаи, кој сега е светска метропола и „град на иднината“ во Персискиот Залив. Некои луѓе сè уште одгледуваат камили заради храна и млеко. Во Емиратите, и трката со камили е многу популарна забава, како и изборот „Мис Камила“ што се организира за да привлече туристи и трговци кои се подготвени да платат и милиони долари за најценетите раси.

Back to top button
Close