Грозданов: Идеологот на лажните еко-активисти да одговори дали гласал за пренамена на земјоделско земјиште за компанија во негова сопственост?

„Немам никакви лични причини вербално да се пресметувам со противниците на изградбата нови рудници“, пишува аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов во својата последна колумна насловена „Голи во седло“. Тој сепак додава дека заради неговата професионална определба има општествена обврска да укаже дека постојат одредени сознанија и околности според кои има потенцијален конфликт на интереси во причините и мотивите за ширење на страв и паника од мала група на, како што пишува, самонаречени лидери на отпорот против новите рудници. Грозданов упати серија прашања до Костадин Ристоманов, за кого имал одредени сознанија дека камиони наводно организирани токму од него, или можеби во сопственичка релација со негова фирма, наводно превезувале одреден материјал ископан од Бучим на обработка во Бугарија.

-Дали фирмата РИКО ГРАДБА извоз-увоз ДООЕЛ Ново Село е твоја сопственост? Дали Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на 23 јануари 2023 издала лиценца на оваа компанија за изградба на фотонапонска електроцентрала ФЕЦ „РИКО ГРАДБА СОЛАР“? Дали оваа фотонапонска централа од 1MW користи обработливо земјоделско земјиште лоцирано на место викано „Зајчарка“? Дали е точно дека за пренамена на ова земјоделско во градежно земјиште неопходна е одлука на Советот на Општина Ново Село, каде советник си ти? Односно, бидејќи соодносот на бројот на советници меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ седум наспрема седум, клучен за мнозинството си ти, кој во еден период беше и претседател на советот, истакнува Грозданов.

 

Според аналитичарот, ако е ова точно, Ристоманов требало да се изземе од гласањето, бидејќи во спротивно си презел дејствија кои се школски пример за конфликт на интереси. Грозданов додава дека очекува одговори веднаш или ќе биде принуден да објави документи.

 

-Јавноста има право да ја знае вистината, на еден или на друг начин. Особено што јас лично постојано сум вербално напаѓан од вашата група со констатации дека сум платен од концесионерот на рудникот Иловица, дека немам личен кредибилитет да пишувам или говорам на темата. Трпам навреди и закани од секаков тип, затоа сега е време наместо да се занимаваат со обиди за мое дискредитирање, конечно да дадат отчет, не пред мене, туку пред јавноста која упорно ја туркаат во заблуда и очигледно ја злоупотребуваат за личен аир. Конечно, да употребам и политички аргументи, кои многу често ги користи идеологот на лажните еко активисти, кои се повикува на волјата на жителите на Струмичката котлина. Во Изборната единица 4, во која е лоциран потенцијалниот рудник Иловица, партијата која промовира антизападни и антинато ставови, на чиј лидер истиот тип му се восхитува ем од идеолошки причини ем затоа што е против нови рудници, освои еден пратеник, повторувам еден пратеник. Другата партија, која до сега беше и централна власт, но на локално ниво се уште раководи со најголемата општина во Струмичката котлина, која потпадна под влијанието на овие лажни екологисти, за чие создавање има и путер на главата, освои 5 пратеници, пишува Грозданов.

Според него, од останатите две партии – едната најавувала формирање на ново министерство за рударство и освоила 13 пратеници, а другата јавно прокламирала дека рударството треба да се развива, но висината на надоместоците за концесиите треба да се преиспитаат, освоила 1 пратеник.

-Парафразирано, изборните резултати се 14:6 во полза на оние кои се расположени за дебата за развивање на модерното рударство за ползување на природните богатства за долгорочен економски развој, нагласи Грозданов.

Тој додава дека прифаќањето на притисоците на лажните еко-активисти од страна на некои политички фактори создава потенцијал за отштета во милијарди евра тешки износи, кои ќе ги плаќаат сите, без разлика дали сме „за“ или „против“ изградба на новите рудници.

Back to top button
Close