Груби: Спремни сме за соработка со СДСМ, но само ако Насер Зибери е премиер

За сите реформи што ги постигнавме, за Охридскиот, Преспанскиот договор и за двојазичноста граѓаните не наградија затоа сметаме дека е потребно да коалицираме со СДСМ за да ги завршиме отпочнатите реформи, истакна Груби.

На крај ќе го видиме исходот. Ќе седнеме со сите 120 пратеници и ќе разговараме, но секако доколку биде прифатен Насер Зибери за Премиер, рече Груби.

Може и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да направат Влада, но прашање е колку тоа ќе опстои, нема логика за етнички чиста Влада, рече Груби

Логично, СДСМ има 46 пратеници, ДУИ има 15 пратеници, или вкупно 61 пратеник, а тоа е сосема доволно за да се избере Владата и да се избере претседател на Владата, рече Артан Груби од ДУИ во денешното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

– ДУИ е стабилен партнер. ДУИ не е авантуристичка партија којашто ги менува ставовите на секои три дена па да мора да се составува Влада на секои пет дена со други партнери. Ние сме лојални кон граѓаните. Не сме тука за да предизвикаме институционална криза. ДУИ е сериозен партнер и тоа многу добро го знаат и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме подготвени за соработка со СДСМ, но со Насер Зибери како премиер – рече Груби.

Back to top button
Close