Грузиското обвинителство отвори истрага за наводна саботажа поттикната од странство

Обвинителството во Грузија започна истрага за наводен обид за саботажа и други подривни активности поттикнати од странство, во контекст на повеќемесечните протести во земјата, јави ДПА.

Според локалните медиуми, истрагата е иницирана врз основа на пријава од организацијата „Обединета неутрална Грузија“, која важи за блиска до владата и ја обвинува проевропската опозиција за шпионажа.

Владејачката партија „Грузиски сон“ беше прогласена за победник на парламентарните избори во октомври, но опозицијата ги оспорува резултатите и го бојкотира парламентот. Протестите се засилија во ноември, кога премиерот Иракли Кобахиѕе ги замрзна преговорите за пристапување на Грузија во ЕУ до крајот на 2028 година. Од тогаш, секоја вечер на улиците на Тбилиси излегуваат демонстранти кои протестираат против сè поавторитарната политика на владејачката партија и бараат нови избори.

Протестите неколкупати ескалираа во насилство, при што полицијата приведе стотици демонстранти, меѓу кои и водечки опозициски политичари. Безбедносните сили се обвинети за употреба на прекумерна сила и тортура, што резултираше со санкции од неколку европски земји и САД против владата во Тбилиси

Back to top button
Close