Хагари: Иранскиот напад предизвика мала штета на воена база на ИДФ, повредено девојче
Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари изјави дека Иран лансирал десетици балистички ракети кон Израел, предизвикувајќи мала штета на воена база.
Тој рече дека повеќето од ракетите биле пресретнати од системот за воздушна одбрана со долг дострел Стрела (Arrow). Ракетите главно биле соборени надвор од израелскиот воздушен простор, нагласи тој.
Еден напад доведе до повреда на едно девојче во Негев, а дополнителни напади предизвикаа „мала штета на инфраструктурата“ во воена база, информира Хагари.
Тој рече дека борбените авиони собориле и десетици крстаречки ракети и десетици дронови.
Според Хагари, Иран вкупно лансирал повеќе од 200 проектили кон Израел.
Тој нагласи дека инцидентот не е завршен.