Хаос на европските аеродроми, повеќечасовни доцнења и откажани летови

Новите правила за патување во Европската Унија предизвикуваат огромен хаос на аеродромите ширум континентот, при што патниците се соочуваат со повеќечасовни доцнења, а многумина дури и ги пропуштаат своите планирани летови поради воведувањето на новиот систем за контрола.

Станува збор за системот за влез/излез (Entry/Exit System – EES), кој неодамна беше активиран и бара од сите патници кои доаѓаат од земји надвор од ЕУ да поминат низ задолжителни биометриски проверки, вклучително земање отпечатоци од прсти и фотографирање при влез во Шенген зоната, што значително го продолжува времето на пасошките контроли и создава долги колони во кои се чека со часови.

Според извештаите, најголеми проблеми се забележани на неколку клучни европски дестинации, па така во Брисел и Амстердам се регистрирани доцнења до два часа, при што патниците во Амстердам се жалат на исцрпувачки чекања, особено повозрасните и родителите со мали деца, додека во Милано ситуацијата е уште посериозна со чекања до три часа за качување во авион и случаи на исцрпеност и губење свест кај патници, а сериозни нарушувања во распоредот има и во Женева, Лисабон и Малта.

Авиокомпанијата „EasyJet“ ги оцени доцнењата како неприфатливи и нагласи дека ситуацијата е надвор од нивна контрола, додека експертите за воздухопловство предупредуваат декатранзицијата кон новиот систем е исклучително тешка и дека проблемите со неговата имплементација може да продолжат и во наредниот период, при што дополнителен притисок врз европскиот авиосообраќај создава и најавениот штрајк на кабинскиот персонал на „Lufthansa“, што дополнително може да доведе до нови откажувања на летови и уште поголем хаос за патниците во текот на празничниот период.

 

Back to top button
Close