Храна која предизвикува гасови кај бебињата

– Бебињата секојдневно испуштаат гасови и тоа е сосем нормална и природна појава. Но, понекогаш може да се случи тие да се чувствуваат непријатно поради некои намирници што предизвикуваат повеќе гасови од вообичаено.

Бебето ја обработува храната на ист начин како и возрасниот човек. Значи, ако знаете дека одредена храна Ви прави проблеми, внимавајте на истата реакција кај вашето дете. Обично, ова се намирниците на кои треба да се внимава: грав, брокула, зелка, карфиол, житарици, овесна каша, кајсии, сливи, праски, круши, сливи, цитрони…

– Ако овие намирници се виновни за гасот, тој ќе се појави за неколку часа. Хранливите материи и храната богата со растителни влакна е најдобра за новороденчињата, објаснува педијатарката Џенифер Шу.

Таа додаде дека гасовите не се проблем сами по себе, но тие понекогаш предизвикуваат непријатност. Во крајни случаи, се препорачува и разговор со лекар.

Back to top button
Close