И Охрид се „чешла“ во Полициска акција „Синџир“ – СВР заплени шест возила поради сомнение за фалсификат

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал и СВР Охрид одзедоа шест возила поради сомнение за фалсификат. По добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен суд Охрид, извршени се претреси на 19.10 2023 во три сервиси за коли на подрачје на СВР Охрид и при тоа се одземени шест возила, а извршени се и службени разговори со повеќе лица. Извршено е вештачење од страна на Одделот за форензички испитувања и по документирање на случаите од страна на СВР Охрид до ОЈО Охрид ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Back to top button
Close