Идиот

Ме предизвика писмото на Др. Фаучи кое го шерував овде. 

Ме подсети на денешново охридско утро. Изутринава имав една случка на каса во еден супермаркет во Охрид. Беше многу рано за охриѓани и имаше само неколку купувачи во редот пред касата. Позади мене беше средовечна жена( очигледно “скопјанка” со значката Скопје 2014) која ја буткаше корпата производи со нога по подот. 

Приметив, дека е нервозна од моите процедури на касата. А моите процедури се секогаш исти. Маска на носот и устата, задолжително прскање на кесите со мобилен спреј- алкохол, прскање на вратениот кусур пари со спреј-алкохолот или употреба на безконтактна картичка. Од оваа моја процедура се роди меѓусебна конверзација, која се одвиваше вака:

Таа: Господине вие сте параноик и не задржувате толку многу без потреба!

Јас: Се извинувам Госпожа, ама вие сте идиот!  Да ви објаснам зашто сте покондурен идиот. Прво, ја носите маската под носот. А преку носот вирусот најбрзо стигнува до белите дробови. Второ, носите ракавици, а не знаете зошто. Се исто е дали ви се загадени рацете или ракавиците. Претпоставувам ги носите за да не ви се загадат црните нокти и црното под ноктите. Трето, цело време ве гледам ја буткате кошницата со нога по подот. И на крајот ја ставивте на траката, на која тој што е позади вас ќе го стави лебот! Вие сте комплетен идиот!

Немаше да го напишам ова ако не беше текстот на др. Фаучи. Затоа што ова се случува секојдневно. И тоа за тие што глумат дека носат маски.

Руди Лазаревски (Фејсбук статус)

Back to top button
Close