Ирина Венедиктова: Во мојата служба немаше колаборационизам

Поранешната државна обвинителка на Украина, Ирина Венедиктова, која беше разрешена од претседателот Володимир Зеленски, вели дека го прифаќа разрешувањето, но истакнува дека во нејзината служба немало колаборационисти.

„Не можеме да имаме овде колаборационисти во мојата канцеларија. Такви луѓе се само оние кои работат на окупираните територии. Мојата канцеларија не е окупирана територија“, изјави Венедиктова за Си-Ен-Ен.

Таа додаде дека главен приоритет на нејзината канцеларија е да работи на проблеми со криминални дела на предавство и колаборационизам и дека нејзината служба била многу транспарентна во работата.

На прашањето која е вистинската причина за нејзината смена, Венедиктова рече: „Знаете дека мојот став е политички. Бев 16-ти главен обвинител во 30-годишната историја на Украина. Ова е реалполитика во Украина. Тоа е мојот одговор“.

„Во моментов на чело е претседателот. Тоа е неговата стратегија и тактика. Тој носи одлуки во согласност со неговите ставови“, рече Венедиктова.

 

Back to top button
Close