Исчезна дванаесетгодишно девојче – трагата му се губи по првиот училиштен час

 

Исчезнато е 12-годишно девојче од скопската населба Гази Баба. Таткото на девојчето, Енгин вели дека неговата ќерка Аниса Ајро последен пат била видена вчера утрото на паузата во училишниот ходник.

Тоа на таткото му го раскажала нејзина другарка која последен пат ја видела на тоа место. Оттогаш на девојката и се губи секаква трага раскажува таткото.

Мобилниот телефон кој што го поседувала девојката од време на време се вклучува а потоа според зборовите на таткото пак се исклучува.

„Таа е мирна и тивка, не сме се расправале. Од дома ја учиме и и укажуваме на сите опасности со кои може да се соочи“, раскажува Енгин.

Отфрла можност дека во прашање е момче со кое би можела да биде.

Изјави дека случајот е пријавен во полиција од каде очекуваат информации а дотогаш како што објаснува секоја информација би му била добредојдена.

Тој и самиот упатува повик преку медиумите и на социјалните мрежи секој кој поседува некоја информација да го контактира на телефонскиот број +389 72232 983

Back to top button
Close