Изложба „Современа скулптура“ од 20 до 30 јули во Уметничкиот центар Арт хаб во Скопје

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) соопшти дека под покровителство на Министерството за култура и Град Скопје, во рамките на манифестацијата Скопско културано лето, на 20 јули ќе ја постави изложбата „Современа скулптура“ во Уметничкиот центар Арт хаб во Градскиот трговски центар во Скопје.

Изложбата ќе трае до 30 јули и поединечно или најмногу во група од двајца ќе може да се посети според работното време на Галеријата, односно од понеделник до петок од 11 до 18 часот и во сабота од 10 до 15 часот, информираат од ДЛУМ.

Годинава, како што се посочува, селектор на изложбата „Современа скулптура“ е Марика Бочварова Плавевска, историчар на уметност.

На изложбата ќе учествуваат Ана Димчевска Семенпеева, Андреј Митевски, Ангел Димовски Чауш, Вања Петрушевска Дуза, Љупчо Бојаров, Златко Бојковски, Јовица Мијалковиќ, Катерина Таневска, Перо Кованцалиев, Сашо Саздовски, Слободан Милошески, Филип Фидановски, Филип Цакоски и Боро Митричевски.

На изложбата се доделува една парична награда од семејството на нашиот истакнат скулптор Боро Митриќевски, што го носи неговото име.

Back to top button
Close