Израелската армија суспендираше четири војници, нападнале Палестинци без причина

epa07285737 Israeli Army’s new Chief of Staff Lieutenant Aviv Kochavi speaks during the exchange ceremony of Chiefs of Staff at Kirya Base in Tel Aviv, Israel, 15 January 2019. Aviv Kochavi has been promoted from the rank of Major-General to the one of Lieutenant-General and sworn during a festive ceremony in presence of Prime Minister Benjamin Netanyahu. Kochavi replaced ex Lieutenant-General Gadi Eizenkot who retired after four years as the head of the Israel Defence Forces (IDF) and 40 years as soldier. EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелската армија денеска соопшти за суспендирани четири војници затоа што нападнале Палестинци без причина.

Тие се суспендирани откако на социјалните мрежи се појави видео каде се гледа како тепаат и шутираат двајца притворени Палестинци.

Началникот на израелската армија, генерал полковник Авив Кохави оцени дека сериозниот и неприфатлив инцидент е спротивен на вредностите на војската.

– Нема, а нема ни да има место во Израелските одбранбени сили за таков вид однесување, подвлече Кохави.

Израел го освои Западниот Брег во шестдневната војна во 1967 година. Палестинците тежнеат кон тоа, територијата да биде главен дел од нивната идна држава, што би го опфатила и Појасот Газа, а главен град да биде источен Ерусалим.

На територијата живеат околу три милиони Палестинци под израелска воена управа и речиси половина милион еврејски доселеници кои имаат израелско државјанство.

Палестинците изведоа десетици напади на Западниот Брег изминатите години, а војската спречи многу други обиди за напад.

Меѓутоа, организации за човекови права тврдат дека војници често користат прекумерна сила.

Израел убедува оти го истражува наводното кршење на воената дисциплина, но, како што пишуваат медиуми, истрагите траат со месеци, па дури и со години.

Според организации за човекови права, војници ретко се прогласуваат за одговорни.

Back to top button
Close