Извлечени три тела од автомобилот кој излета во Вардар

Возилото кое излета во Вардар во близина с. Рашче е извлечено. Од него се извадени телата на три лица. Потрагата по четвртото лице продолжува, соопшти вечерва ЦУК.

Во СВР Скопје попладнето во 16 часот е пријавено дека на локалниот пат за село Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар.

Во возилото биле постар брачен пар, син и снаа, но и 5-годишно дете кое излетало пред автомобилот да падне во Вардар

Back to top button
Close