Камала Харис: Ако некој упадне во мојот дом, ќе биде застрелан
Потпретседателката на САД, Камала Харис во текот на гпстуцањето кај Опра Винфри изјави дека е подготвена да употреби пиштол доколку натрапник упадне во нејзиниот дом.
„Веројатно не требаше да го кажам ова, но мојот тим подоцна ќе се справи со тоа“, додаде таа и се насмеа.
Харис во текот на неодамнешната дебата со Доналд Трамп кажа поседува пиштол за но ја потенцира поддршка за забраната на автоматските пушки.
„Огненото оружје од овој тип е буквално дизајнирано да биде воено средство. За него нема место на улиците на граѓанското општество“, нагласи таа.
Рече дека е поддржувач на американскиот втор амандман, кој го штити правото на поседување оружје, но се осврна и на американскиот проблем со престрелките во училиштата.
Таа предупреди дека е вознемирувачко што децата мораат да поминат вежби за да се подготват за вакви инциденти.
„Поседувам пиштол веројатно од истата причина како и многумина што го имаат – за лична безбедност. Бев обвинител“, рекла Харис во 2019 година, според Би-би-си.