Канада и Финска први полуфиналисти на СП во хокеј

Хокеарите на Канада и Финска се првите полуфиналисти на Светското првенство кое се одржува во Швајцарија.
Канада го обезбеди пласманот меѓу четирите најдобри репрезентации, откако вечерва триумфираше над САД со 4:0 (1:0, 1:0, 2:0) во Фрибург.
Канада поведе со голот на Меклин Челебрини во 19. минута од првата третина, додека Дилан Холовеј го зголеми резултатот во 10. минута од вториот период.
На крајот од третиот период, Канада постигна уште два гола преку Конор Браун и Сидни Крозби.
Канада, која е рекордер со 28 златни медали на светски првенства, со тоа го елиминираше бранителот на титулата која Американците ја освоија лани.
Во второто четвртфинале, Финска ја победи Чешка со 4:1 (2:0, 1:1, 1:0) во Цирих.
Вечерва се на програмата преостанатите два четвртфинални натпревари меѓу Норвешка – Латвија, и Швајцарија – Шведска.






