Касами го исклучи Кастриот Реџепи од Беса

Лидерот на Движење Беса, Билал Касами попладнево, со објава на социјалната мрежа Фејсбук, ја информираше јавноста дека го исклучил Кастриот Реџепи од партијата.

– Имајќи ги предвид неодамнешните постапки на пратеникот на Движењето БЕСА, Кастриот Реџепи кој не се појави во Собранието за да го поддржи предлогот за недоверба на Владата, со кој постапи спротивно на одлуката на партијата во кој случај сериозно го нарушил и престижот на партијата, Движењето БЕСА, односно јас како претседател на партијата, согласно статутарните одредби, односно член 14 став 3 точка 3.3 од Статутот на Движењето БЕСА, го исклучувам споменатото лице од сите партиски функции и од членството на Движењето БЕСА, стои во неговата објава на Фејсбук. Како што напиша Касами, оваа одлука стапува во сила веднаш.

Back to top button
Close