Кастриот Реџепи во понеделник ќе излезе пред новинарите  

Пратеникот Кастриот Реџепи најави дека во понеделник ќе се појави пред новинарите. Тој ја повика неговата партија, Движењето БЕСА, да не презема избрзани чекори кои ќе ги оштетат партиските структури и активисти.

„Почитувани пријатели и семејство, без разлика на вашите политички убедувања. Ви благодарам за грижата и поддршката што ми ја давате. Следниве денови ќе имаме можност подиректно да се информираме за се. Во однос на медиумите и интересот ги разбирам и ги информирам дека мојот прв настап ќе биде во понеделник преку прес-конференција. На крајот апелирам до раководството на Движењето БЕСА да не презема забрзани чекори кои ќе им наштетат на нашите структури и активисти. Треба да се постапува внимателно“, напиша Реџепи на неговиот приватен профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Back to top button
Close