Катица
Катица прв пат ја сретнав во Амбасадата на Република Македонија во Софија. Беше на чело на некаква делегација поети. Се сеќавам на клучната реченица: Поезијата е форма низ која Бугарите најдобро разбираат дека бугарскиот и македонскиот не се ист јазик. Во поезијата разликата станува голема и понекогаш тешко премостлива.

Беше тоа пред триесетина години.
Потоа ја видов на промоцијата на избрани или собрани, кој ќе го знае, дела на Ристо Лазаров во Клубот на писагелите. Тогаш од неа го чув најубавиот македонски јазик. Ми звучеше светски, ако може така да се каже. И во лексиката и во синтаксата и во дикцијата и во мелодиката. Во се. Свиреше Патакот.
На еден друг начин јас го сакав само уште македонскиот јазик на Ѓоко Ѓеоргиев затоа што го презентираше на игалијански или француски начин, му удираше некоја мелодика која го издигнуваше од неговата стерилност и провинцијалност.
Тој го пееше македонскиот.
И на трет начин ме привлекуваше говорот на првите водители на македонската телевизија.
Но, Ќулафкова беше друга, јас би рекол ненадмината категорија во таа јазична смисла.
Тие импресии ги запишав во мојата колумна во “Глобус”.
Потоа ми падна в очи нејзината средношколска поезија, како и кај мнозинството македонски поети и туку почна сомнежот кој заедно со членството во МАНУ ми предизвикаа сериозен сомнеж.
На прагот на нејзиното потонување во етногенезата на македонскиот народ, прифатив заедно да промовираме една книга на Мимоза Ристова.
Потоа скокна во историјата, во традицијата, во нацијата, во конзервата, со идеја да му вдахне историска легитимација и важност на народот и да го обезбеди напаѓајки ја стварноста и вистината како загрозувачки феномеми.
Така нашата слатка птичка одлета во јатото на најпримитивниот и најопасен антиевропски национализам заедно со низа свои колешки и колеги со политичко застапништво на вмро.
Денеска е како оние холивудски ѕвезди кои по портлите ги пренесуваат со наслови: Гледајте во што е претворена некогашната секс бомба. Напумпана со силикони и ботокси и подуена од алкохол и дроги. Со тоа што Ќулафкова никогаш не била секс бомба. Не би ла никаква бомба. Најмногу ми личи на нагазна мина, на кора од банана, на фишек без семки, на тактичко нуклеарно оружје против науката, против Ману против Македонија, на крпа за плашење на нормалните, на говно за собирање на патриотските муви. Катица е и против МПЦ. Објективно. Само што на архиепископот, како и секогаш и во се, ќе му текне предоцна. Зато што и тој не е архиепископ туку е знак дека птиците на верниците не смеат да слетуваат тука. Ако не сакаат да ги убијат со куршумите на православната бесмисла.
Бранко Тричкоски






