„Керфур” ги замрзнува цените за да им помогне на граѓаните на Франција да се справат со инфлацијата

Францускиот малопродажен синџир „Керфур” ќе ги замрзне цените на сто свои производи за да им помогне на Французите во услови на висока инфлација.

Потегот на „Керфур” доаѓа откако други водечки француски компании по притисокот од Владата на претседателот Емануел Макрон, исто така презедоа чекори за да им помогнат на потрошувачите во земјата да се справат со рекордните поскапувања.

Најголемиот синџир продавници за храна во Европа, „Керфур” планира замрзнувањето на цените да трае до 30 ноември.

Францускиот нафтен гигант „TotalEnergies” и бродската компанија „CMA” минатиот месец презедоа дополнителни чекори за намалување на цените. „TotalEnergies” ќе ги намали цените на горивото на своите бензински пумпи низ Франција од 1 септември до крајот на годината, додека „CMA” ќе ги намали трошоците за испорака за 750 евра по контејнер при увоз на стоки во Франција од Азија.

Податоците објавени на почетокот на август покажаа дека француската инфлација во јули била на рекордно ниво од 6,8 отсто.

Back to top button
Close