Кина започна истрага за „Алибаба груп“

Кинеските регулатори почнаа антимонополска истрага против групацијата Алибаба, јавија светските агенции.

Кинескиот регулатор посебно ја разгледува политиката на компанијата, според која деловните партнери на „Алибаба груп“ треба да избегнуваат контакт со нејзините конкуренти.

Алибаба Групацијата е најголемата кинеска компанија за електронска трговија од 1999 година.

Групата е сопственик на меѓународните интернет платформи Alibaba.com, AliExpress.com, Taobao.com и Tmall.com

Back to top button
Close