Коалиција „Вреди“: Артан Груби ѝ направи ветинг на ДУИ

Кога ДУИ зборува за ветинг, тоа е исто како да му сврти грб на постојаниот сојузник на Албанците, САД. Оваа партија има тенденција да ги исмејува и Албанците и нивниот постојан пријател. Не помина ниту една недела откако САД ја ставија на црна листа сенката на Али Ахмети, Артан Груби.

Бидејќи имаат горлива желба за ветинг, Артан Груби веќе и направи ветинг на ДУИ.

Албанците добро знаат дека зад огнената “патриотска“ реторика се кријат чисти финансиски интереси на кланот политички олигарси кои пред врата им чука моментот кога треба да одговараат! И нашиот постојан сојузник Соединетите Американски Држави ги извести за тоа.

Албанците и САД не ги сметајте за наивни. За Албанците и државата доаѓаат бели денови, додека за злоупотребувачите ќе дојдат црни денови каде сите ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Ние како коалиција ВЛЕН веќе извесно време предупредуваме: ДУИ е заробена од криминалната структура, на чело со Али Ахмети и со неговата сенка Артан Груби кој ги извршуваше неговите наредби. Прашањето што го поставивме е јасно: уште колку пораки треба да дадат САД за оваа партија да разбере дека има итна потреба од длабоки програмски и кадровски реформи?

ВЛЕН ги почитува Албанците и нашиот стратешки сојузник САД

 

Коалиција „Вреди“

Back to top button
Close