Комити упатија повик за блокада на раководството на ФК Вардар: Нема влез и излез без почитување на договорот

Навивачката група на ФК Вардар,,Комити” на „Фејсбук“ упати повик за блокада на раководството на ФК Вардар.
Во повикот се вели дека нема да има влез и излез од тренинг кампот на ФК Вардар без почитување на договорот меѓу сопственикот на клубот и здружението ,,35 години Вардарци”.

„СИТЕ ВО ХИПОДРОМ-ВЕДНАШ!
Во знак на револт и протест, ги повикуваме ВЕДНАШ сите наши членови, екипи и навивачи на клубот, да дојдат пред тренинг кампот во Хиподром.
Денес им беше забранет влезот за сите официјални членови на Маркетинг тимот на клубот, како и за сите останати членови на групата!
Нашиот одговор е јасен: 👇
НЕМА ДА БИДЕ ДОЗВОЛЕН ВЛЕЗ/ИЗЛЕЗ додека не се решат сите проблеми во клубот и не се испочитува договорот потпишан помеѓу Здружението ,,35 години Вардарци” и Атила Бижен Жалили!
СИТЕ ЕКИПИ – СЕКОЈ ЧЛЕН!
СИТЕ ПРЕД ТРЕНИНГ КАМПОТ“, велат од групата на објавата.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close