Конференција на ЦГК: МВР и ЈО се пасивни во однос на коруцијата во јавните набавки
Договорните органи, во случајот зборуваме за јавните претпријатија и акционерските друштва, според интервјуата кои ние ги правевме со нив, не се многу посветени да ја пријавуваат корупцијата на која сведочат во нивните институции, вели Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации
Постои корупција при спроведување на јавните набавки, дел од тендерите се спроведувале без почитување законот за јавни набавки, тендери завршувале во четири очи – покажуваат истражувањата на Центарот за граѓански комуникации.
„Договорните органи, во случајот зборуваме за јавните претпријатија и акционерските друштва, според интервјуата кои ние ги правевме со нив, не се многу посветени да ја пријавуваат корупцијата на која сведочат во нивните институции. Ниту пак има сознанија за поголема активност на МВР во докажување на случаите онаму каде граѓанските организации, медиумите или пак надлежните инстутуции укажуваат, а за жал сведочиме на голема пасивност на ЈО во однос на случаи и постапки и покренување кривични постапки за корупција во јавниоте набавки“, посочи Сабина Факиќ од ЦГК, на денешната конференција „Потребата и предизвиците во јакнењето на интегритетот во јавните набавки“.
Анализите на Заводот за државна ревизија, пак, утврдиле дека од 2015-та до 2018-та година, дури во 54 отсто од јавните набавки имало само една понуда. Заклучоците од проектот „потребата и предизвиците во јакнењето на интегритетот во јавните набавки“ денеска беа презентирани по анализа на 40 претпријатија основани од владата, град скопје и општините Гостивар, Кавадарци и Струга.