Копање гроб за починат од Ковид-19 – казна за неносење маска

 Индонезија, се чини, се истакнува со оригиналните казни за неносење маска за да се спречи ширењето на коронавирусот. Имено, оние кои одбиваат да носат маски во еден рурален округ на Индонезија, може да бираат – или ќе платат парична казна или ќе копаат гроб за починат од Ковид-19.

Пред две недели, светот ја слушна веста за казнетите од индонезискиот главен град Џакарта, што бираат да лежат една минута во мртовечки ковчег наместо да платат.

Некои луѓе го избираат ковчегот или копање гроб зашто немаат пари да платат.

Индонезија денес има над 232.000 заразени и 9.222 смртни случаи од Ковид-19. 

Back to top button
Close