Кралот Чарлс тајно профитира од имотот на луѓе кои починале без да остават тестамент

Војводството Ланкастер, во сопственост на британскиот крал Чарлс, со години собира финансиски средства, кои всушност се во сопственост на луѓе кои починале без тестамент или познати роднини, пишува Гардијан.

Во текот на изминатите 10 години, кралското семејство собра повеќе од 60 милиони фунти за добротворни цели, но само мал процент од тие приходи се дадени во добротворни цели.

Внатрешните документи на војводството, до кои британскиот весник имал пристап, откриваат како средствата тајно се користат за финансирање на реновирање на имотите во сопственост на кралот, а кои се издаваат за профит.

Денес, оваа област ги вклучува Ланкашир и делови од Мерсисајд, Голем Манчестер, Чешир и Камбрија, пренесува Танјуг.

Back to top button
Close