Кремљ: Сè уште важи поканата на Путин до Трамп да ја посети Русија

Поканата на рускиот претседател Владимир Путин до американскиот колега Доналд Трамп да ја посети Русија сè уште важи, соопшти денеска Кремљ.
– Сигурен сум дека рускиот претседател би бил воодушевен да го дочека својот американски колега во Москва. Тој постојано му го кажува тоа за време на нивните телефонски разговори – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Во август 2025 година беше одржан самит Путин-Трамп во воена база во близина на Енкориџ на Алјаска. Шефовите на државите на Русија и САД последен пат имаа телефонски разговор на 29 април.






