Кривична од МВР за синот на почината кој бил пред болницата 8- септември а е заразен со ковид-19

Еден од учесниците во вчерашниот инцидент во Градската општа болница „8 Септември“, за кој вчера беше објавено дека е позитивен на ковид-19, е синот на починатата пациентка, посочува МВР.

До инцидентот дојде откако семејството на починатата пациентка со ковид-19 сакало насилно да го земе телото, спротивно на протоколите и да го однесе на обдукција, па упатувало закани кон докторка.

МВР во соопштението посочува дека меѓу лицата што полицајците ги затекнале на паркингот пред болницата биле и двајцата синови на пациентката од кои едниот ја прекршил изолацијата бидејќи е заразен со коронавирусот.

„Во полициската станица Гази Баба бил приведен Б.С. (29), поради тоа што при проверка во евиденција за лица со решенија за изолација било констатирано дека тој не го почитувал решението за изолација и е позитивен на ковид-19. Од страна на Единицата за внатрешни работи Аеродром и полициската станица Драчево изготвено е решение за државен карантин, строга изолација и истиот од полициската станица Гази Баба бил пренесен во државен карантин на сопствен трошок“, соопшти МВР.

Покрај тоа, синот ќе добие и кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија (член 206 од Кривичниот законик).

Back to top button
Close