Кризниот штаб на Белата куќа предупредува дека протестите низ САД можат да го зголемат бројот на заразени од коронавирус

– Кризниот штаб на Белата куќа за борба против епидемијата на коронавирус денеска ги предупреди гувернерите на американските сојузни држави дека масовните протести за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд можат да доведат до зголемување на случаите на заразени со Ковид-19.

-Ние го почитуваме правото на секој Американец да ги остварува своите права според Првиот амандман, но сакаме да ги охрабриме да го направат на безбеден начин, изјави американскиот потпретседател, Мајк Пенс, за време на видео конференцијата со државните лидери, се наведува во  аудио записот што го имаше на увид Си-Би-Си Њуз .

Експертот од Кризниот штаб, Дебора Беркс, забележа дека во повеќето големи градови низ САД во последните недели е забележен пад на нови случаи  со Ковид-19, но не е јасно дали маските што ги користат некои демонстранти се ефикасни во спречување на натамошното ширење на коронавирусот, особено затоа што поризични групи им се приклучија на мирните демонстрации.

Таа, исто така, изјави дека во насилните протести биле оштетени 70 места за тестирање, објави Би-Би-Си.

Back to top button
Close