Лего-коцка стоела две години во носот на дете
– Лего-коцка стоела цели две години во носот на едно седумгодишно дете, па тоа ја исфрлило само од себе.
Настанот се случил 2018 година, на Нов Зеланд. Таткото на момчето, Мудасир Анвар изјави дека неговиот син Самер Анвар му кажал дека загубил една од коцките и оти таа му се заглавила во едната ноздра.
– Мала Лего-коцка навистина ѕиркаше од неговата ноздра. Се обидовме да ја извлечеме од таму, но без никаков успех, рече таткото на Самер.
Родителите потоа го однеле детето на лекар, но тој не нашол ништо и им рекол дека коцката веројатно е веќе испадната или ќе исчезне од телото по природен пат. Оттогаш, момчето не се пожалило, а семејството заборавило на проблемот.
Но, викендов Самер помирисал шеќер во прав од торта, по што кивнал и малото црно парче излетало од неговиот нос. Момчето се исплашило…
Лего-коцките се предмет на бројни истражувања. Едно од нив посочува дека се потребни 1.300 години за пластиката да се распадне во океанот… Сега пак, знаеме и дека треба околу две години за една коцка да испадне од носот.