Левица ги потпиша изјавите со Северна, тврди Милевски

Нема сила што може да ги натера општинските советници на Левица да потпишат заклетва со „Северна“ бидејќи оваа придавка не постои во законскиот текст, соопшти денеска партијата Левица преку соопштение до јавноста.

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски пак на Фејсбук профил исто како и Левица, ги обвини дека ја манипулираат јавноста бидејќи советниците од Левица потпишале изјави дека ќе го штитат уставниот поредок на Република Северна Македонија.

-Бидејќи се силат на facebook од Левица и ја манипулираат јавноста дека нивните советници немало да постапат по укажувањата на Министерството за локална самоуправа, сакам да им одговорам исто така преку facebook.Советниците на Левица, ако не е информиран Президиумот на нивната партија, го прифатија укажувањето на Министерството и ги потпишаа изјавите согласно Уставот и законите во државата и дадоа заклетва дека ќе го штитат уставниот поредок на Република Северна Македонија. Сега или искарајте ги или искучете ги, ако сте принципиелни, напиша Милевски.

Левица претходно преку објава на Фејсбук тврдеше дека нема да ги потпишат изјавите и дека инспекцискиот надзор од страна на Државниот инспекторат за локална самоуправа.

– Доколку Инсепкторатот, Министерството и Владата на РМ сметаат дека текстот на Законот за локална самоуправа не е во согласност со Уставот тогаш тие може да го оспорат пред Уставниот суд. Исто така, Владата има и легитимно право, во собраниска законодавна процедура, да поднесе предлог за измена на истиот, а не насилно да се обидува да спроведува свои штетни погубни идентитетски политики, со кои ќе ги присили општинските советници да работат противзаконито и спротивно на задолжителната референдумска волја на народот, се вели во објавата на Левица.

Back to top button
Close