Локалите ќе добијат колку што им е потребно време за да ги исполнат условите, дотогаш нема да работат
На сопствениците на угостителски објекти ќе им биде даден временски рок за да ги отстранат недостатоците или да го прилагодат објектот, изјави премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за мораториумот. Тој додаде дека мораториумот ќе трае колку што е потребно за да се направат тие измени.
„Кога зборуваме за мораториум, зборуваме за еден временски период којшто ќе им биде даден на сопствениците да ги отстранат недостатоците или пак да можат да направат нешто со што ќе се прилагодат можеби не на дискотека, на кабаре или на нешто друго. Ако не се потенцира ќе
следат вакви дилеми, дека некој од тие треба да биде кривично гонет. Сите оние коишто доставиле документи, а не ги исполнуваат условите согласно вонредниот инспекциски надзор од Државниот пазарен инспекторат да ги исполнат условите“ рече Мицкоски.
Тој додаде дека во моментот се размислува колкав период ќе им се даде, но дека тие во тој период нема да работат.
„Тој период ќе го искористат да ги отстранат недостатоците. Нешто што три децении е погрешно направено, ние за девет месеци се обидуваме да го канализираме и да го ставиме во ред. Ова ќе биде обемна операција. Многу дозволи се суспендираат, лиценци и објекти се затворени. Ние како Влада ќе го исправиме тоа што повеќе од три децении било погрешно. Ќе им оставиме време на сопствениците на тие стопански објlекти да го исправат. Не станува збор само за приватни, туку и за државни објекти, пензионерски домови, училишта. Кога се граделе или реновирале во суштина се краделе“, изјави Мицкоски