Лондонската полиција во потрага по африкански сервал

Голема дива мачка, мешавина од африкански сервал и домашна мачка, избега од куќа во елитната лондонска Бишоп авенија, позната како „алејата на милијардерите“, јави лондонски „Сан“.

Лондонската полиција е во потрага по Хемпстид, во северен Лондон, по синоќешната дојава дека од куќа во елитната населба избегала голема и опасна мачка.

Експертите за диви животни, сепак, по фотографиите од мачката, оценија дека таа не е агресивна и дека не претставува закана за луѓето.

Хибридите на сервали и домашни мачки можат да пораснат до 40 сантиметри во висина, како куче со средна големина, а нивното чување не е дозволено во Велика Британија.

Сепак, не е невообичаено Британците да ги држат нелегално во нивните приватни зоолошки градини.

Back to top button
Close