Маѓар најави реформа на унгарскиот Систем за пријавување имот


– Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар денеска најави реформирање на Системот за пријавување на имотот, со што ќе се овозможи проверка на имот на политичките лидери 20 години наназад.

Тој сегашниот систем го оцени како „целосно неприфатлив“ и не нуди одговори на прашањето како политичарите, министрите и државните секретари успеале да акумулираат значително лично богатство само од нивните официјални плати.

Со реформата предвидено е и Националната даночна и царинска администрација да има поголеми ингеренции, која ќе може да спроведува анализа на ризик и да ги проверува средствата на политичарите и на членовите на нивните семејства.

Според Маѓар, новите правила ќе влијаат на приближно 1.000 луѓе.

Тој додаде дека имотот на новите пратеници или министри ќе се проверува две години од преземањето на функцијата.

Back to top button
Close