Мадуро и неговата сопруга утре повторно пред судот во Њујорк по обвиненијата за нарко-тероризам

Шест месеци по апсењето на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро, утре суд во Њујорк ќе продолжи со расправа по обвинението против него и неговата сопруга Силија Флорес.
Расправата треба да започне во 12:00 часот по локално време (19:00 часот по македонско време).
Сè уште не е познато дали Мадуро и сопругата, која исто така е обвинета, ќе присуствуваат лично.
Мадуро долги години управуваше авторитарно со Венецуела на чело на социјалистичката влада. Годинава тој и сопругата беа уапсени во Каракас во операција на американските специјални сили.
САД го обвинуваат Мадуро за нарко-тероризам, тврдејќи дека ја користел функцијата за да олесни шверц на илјадници тони кокаин во САД, во соработка со криумчари од кои лично профитирал.
На претходното рочиште Мадуро и Флорес се изјаснија за невини и го обвинија Вашингтон дека ги киднапирал. Тие се во федерален затвор во бруклинскиот кварт во Њујорк од почетокот на нивното апсење.
Судот досега не донел одлука за барањето на нивните адвокати финансирањето на одбраната да се обезбеди од државните средства на Венецуела.






