Македонец настрада во обид да ја заштити сопругата од нејзиниот претходен маж
Горан С.(61) со прекар Роге од Врачево Гај кај Бела Црква (Србија) во четвртокот е уапсен под сомнение дека го убил сегашниот сопруг на неговата поранешна сопруга Бобан П.(61), државјанин на Македонија.
Откако било констатирано дека несреќниот маж починал, по наредба на Вишото јавно обвинителство Панчево на осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа.
Горан С. во четвртокот вечерта по конфликт со Бобан П. е лишен од слобода. Тој е обвинет за сторено кривично дело – убиство.
Осомничениот пред многу години се развел од сопругата и таа останала да живее во Италија. Како што за српските медиуми објасниле жителите на Врачево Гај, таа во последните шест-седум години била во емотивна врска со Бобан П., со кој и се омажила.
– На 8 август, во вечерните часови екс сопругата на Горан дошла кај нејзиниот пријател заедно со Бобан, куќа која е спроти куќата на осомничениот. Горан С. видел италијански таблички на автомобилот на соседот од другата страна, па излегол да се пресмета со поранешната сопруга – вели за српски „Курир“ сведок на трагедијата.
Според него, Горан бил груб со поранешната сопруга, почнал да и вика и да ја навредува.
– Тогаш Бобан станал за да ја заштити сопругата, но се заврши фатално – додава изворот.
…