Македонија е коспонзор на резолуцијата која САД ја поднесе во ОН за Украина – Во документот не се обвинува Русија за почеток на конфликтот

Премиерот Христијан Мицкоски потврди денес дека Македонија е коспонзор на резолуцијата што ја поднесоа САД во Генералното собрание на ОН со која се бара брз крај на воениот судир меѓу Русија и Украина и зад која застанаа малцинство земји бидејќи место окупација или воена агресија ја сведува војната на „конфликт“, не бара повлекување на руските војници од украинска територија и не бара гаранции за територијалниот интегритет на Украина. Ваквата резолуција испровоцира контрарезолуција од Украина зад која застана ЕУ, така што Мицкоски ја постави Македонија контра позицијата на Брисел, односно ја напушти 100-процентната усогласеност со надворешната политика на ЕУ, за таа политика примавме многу фалби досега и тоа беше една од ретките области во која покажувавме успех во извештајот на Европската унија.

Како што се изрази Мицкоски самиот, сега застана во прв ред зад САД – против Украина и ЕУ! притоа куриозитет е дека Македонија се уште стои на документот на ОН како коспонзор на резолуцијата на Украина, а не на САД, што значи дека Мицкоски фасциниран од собирот на кој со овации беше поздравен фашистичкиот поздрав на Стив Бенон, ја сменил страната.

-Одлучивме да бидеме коспонзори на Резолуцијата која ја поднесуваат САД во ОН. Очекувам истата да биде поддржана од мнозинството на ОН, рече Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање

Back to top button
Close