Македонија со три гола го победи Исланд, два ги даде Елмаз, еден Алиоски

Елиф Елмаз во 87 минута го даде третиот гол за Македонија и со тоа, водиме 3:1 во дуелот со Исланд. Тоа значи дека одиме на т.н. „плејоф“ за следниот мундијал.

Ова е втор гол на дуелот на Елмаз, вкупно деветти во дресот на македонската репрезентација. Претходно, тој гол даде во 65 минута. За време на вториот гол, Исланд беше со гол помалку. На трибините се слави победата, од моментот кога Елмаз го даде третиот гол. Победата на Македонија значи чекор до пласман на Светско првенство во Катар.

Back to top button
Close