Макрон: Сега топката е кај Русија

Францускиот претседател Емануел Макрон им се придружи на светските лидери во поздравувањето на одлуката на Украина да прифати привремен 30-дневен прекин на огнот во војната која Русија ја почна пред три години.

– Топката сега јасно е на руската страна, порача Макрон.

– Франција и нејзините партнери остануваат посветени на постигнување цврст и траен мир, со силни безбедносни гаранции за Украина, додаде францускиот претседател

Back to top button
Close