Марија Шерифовиќ стана мајка: Ова е името кое му го даде на синот

 

Марија Шерифовиќ доби бебе, ексклузивно објави порталот „Блиц“. Српската пејачка која победи на „Евросонг“ има син од сурогат мајка.

Детето се родило на почетокот на декември и го доби името Марио.

Шерифовиќ се одлучила за ова име поради неговата силна симболика-доаѓа од латинскиот збор „mare“ што значи море, како и „марем“ што го претставува мажјакот или главата на семејството, пишува „Блиц“.

Пејачката и самата ја сподели радосната информација на „Инстаграм“.

„Љубовта ми пристигна. Небото го осветли најубавата ѕвезда во мојот живот. Се роди Марио. Сине, животот нека те води низ своите најубави патеки, а јас со својата љубов ќе те чувам од тагата и од луѓето. Ви благодарам на сите што праќате љубов и нека тивко и топло биде сè она што доаѓа од вас кон него“, напиша таа под видеото.

Марија Шерифовиќ е првата јавно декларирана ЛГБТ пејачка во Србија.

Македонската публика моментално ја следи во популарното телевизиско шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што со години е дел од жирито.

Back to top button
Close