Маск со критика кон Фараж: Треба нов лидер за Реформската партија

Технолошкиот могул Илон Маск сподели мислење на платформата „Х“ за политичар во Велика Британија со што предизвика лавина од реакции.

„Потребен е нов лидер за Реформската партија. Фараж не е соодветен“, напиша Маск на својот профил пред неполн час.

Коментарот на Маск на „Х“ доаѓа само неколку недели по нивната средба во Мар-а-Лаго, одморалиштето на Трамп во Флорида, каде разговараа за донација за Реформската партија, за која се известува дека може да достигне до 100 милиони долари“.

 

Back to top button
Close