Мицкоски не поднесува оставка: Прво ќе ги поразам сите кои го доведоа овој систем да биде корумпиран, па ќе одиме на избори

Премиерот Христијан Мицкоски нема да поднесе оставка поради трагичната несреќа во која загинаа 59 луѓе.

„Прво ќе ги поразам сите овие кои го доведоа овој систем да биде корумпиран, а потоа ќе излеземе на избори пред граѓаните и тие се најголемата морална потврда за кредибилитетот за еден политичар“ одговори Мицкоски на новинарско прашање дали ќе поднесе оставка по оваа несреќа, бидејќи кога бил во опозиција барал оставка од тогашната Влада поради несреќата во тетовската болница.

Тој додаде дека бил цел ден во Кочани, од шест часот утрово.

„Моралната димензија кај мене како човек секогаш постои. Немам никаква дилема. Осум месеци работам за да го поразам овој корумпиран систем. Сите ние треба да чувствуваме морална одговорност“, додаде Мицкоски.

Премиерот кажа дека не планираат вонредна состојба или вклучување меѓународни експерти во делот на истрагата.

Back to top button
Close