Младеновска: Огромни долгови, Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

Работниците едвај врзуваат крај со крај, народот е осиромашен, земјоделците ги продаваат нивите за да преживеат, државниот буџет се крпи со скапи задолжувања. Ова е реалноста во Македонија денес со арамијата Мицкоски на власт – економски и социјален колапс, рече Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ, на прес–конференција која МИА ја објавува интегрално.
Минималната плата ја закова на 26.000 денари. Потрошувачката кошничка со трошок за кирија достигна околу 90.000 денари. Три минимални плати не се доволни да се покријат само основните животни трошоци.
Ги одби предлозите на СДСМ за 600 евра минимална плата и за финансиска помош на земјоделците.
Ги излажа, земјоделците, застана против нив – ги остави да пропаѓаат. Им ги зема парите, сега ќе им ги земе земјата и водата. Од земјоделска земја, ќе останеме без земјоделци. Не можат да преживает луѓето.
И додека граѓаните кратат од основните потреби, се трупа сметката за идните генерации – должничко ропство.
Буџетскиот дефицит се очекува да надмине 900 милиони евра, а за пензиите недостигаат околу една милијарда евра.
Се случува она што го најавивме, нови огромни долгови на грбот на народот.
За само две години Мицксоки создаде околу 4 милијарди евра нов долг со скапи кредити, кој заедно со обврските кон јавните претпријатија, надминува 63 проценти од БДП.
Само каматите што државата ги плаќа годишно се околу 350 милиони евра за оваа 2026 година! Речиси 2% од БДП одат на камати.
Државата за камати издвојува околу 120 милиони евра повеќе отколку за социјална помош. Каматите се речиси 40% од средствата што се издвојуваат за здравствена заштита, како и од средствата за плати и надоместоци во буџетот.
Овие милиони не одат за повисоки плати, поддршка за земјоделците или подобри услуги за граѓаните. Се се тоа пари за криминални тендери и договори, како оние 5,5 милиони евра за еден диџеј.
На Мицкоски треба да му е јасно, дека ќе дојде крајот на неговиот арамилук. Ќе одговара за секој потрошен денар за криминални тендери. Затоа што државата не е неговоа сопственост и на неговата ВМРО ОКГ, а иднината на граѓаните нема да биде заложник на нивните промашени и криминални политики.






