ВМРО-ДПМНЕ: Барбов покажа дека работи за криминалното дуо Заев-Филипче


Дали има нешто во кое не се вмешани Заев и Филипче? За случајот со Ива Михаилова, доктор Барбов призна дека добивал повици за пациенти од Заев, а дали можеби сега, за случајот со Ива, добил и од Филипче, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Барбов потврди дека продавал магла за случајот со Ива Михаилова. И потврди дека е уште еден медицински профитер од мозаикот на криминалното дуо Заев-Филипче.

Инаку, за Иван Барбов малку повеќе. Стејт департментот на САД смета дека е контроверзно лице, а е и осуден во случај поврзан со злоупотреби за остварување право на инвалидски пензии.

Невозможно е некој да ги потцени во нивните контроверзни шеми, оти веднаш ќе се спротивстават и ќе излезе нешто во јавноста за нив и лица како Барбов, поврзани со нив, никнуваат од сите страни.

Надлежните органи треба детално да го истражат случајот.

Back to top button
Close